Италија ремизираше 1:1 против Германија во дуелот на двете најтрофејни европски селекции, во меч на кој се појави едно ново име кое може многу да ветува во италијанската репрезентација. Вилфред Гнонто е тинејџерот кој во игра влезе во 65 минута, дебитираше во дресот на Аѕурите и веднаш блесна.
Гнонто има само 18 години и е првиот фудбалер роден во 2003 година (роден е на 5 ноември), што заиграл за Италија. Само пет минути откако влезе во игра, Гнонто одлично нафрли и асистираше на Пелегрини за погодокот од 1:0.
Кој е Гнонто? Тоа е талент од академијата на Интер, кој моментно настапува за тимот на Цирих во Швајцарија. Со само 18 години, тој е најмладиот фудбалер кој сезоната што измина, постигна двоцифрен број на погодоци во домашното првенство, со што само го покажува талентот и квалитетот што го поседува.
🇮🇹 Willy Gnonto provides an assist just 5 minutes into his Italy debut against Germany.
🔵 36 apps, 10 matches, 5 assist with @fc_zuerich this season. Only 18 yo. Incredible talent.#Zurich #Italy #Gnonto https://t.co/vIPyDLIAtO— Kostas Xenakoudis (@kos_xen) June 4, 2022
„Сè се одвива многу брзо. Селекторот ме повика во репрезентацијата, а јас уживав за време на тренинзите во националниот тим затоа што е привилегија што сум тука. Тренерот ми даде шанса и јас ја искористив. Знаев дека Кехер има жолт картон, па кога ја добив топката веднаш решив да го нападнам. успеав да го поминам, а потоа центрирав така да голманот и дефанзивците не може да ја стигнат таа топка. Кога сте напаѓач, ваша задача е да направите разлика на теренот, а јас токму тоа успеав да го направам. Моето семејство е најзаслужно за тоа што сум јас сега тука“, рече сречниот Гнонто по мечот со Германија.