Фудбалски Сплит е во еуфорија, еден од најдобрите хрватски фудбалери на сите времиња, Иван Ракитиќ, слета на аеродромот во вториот град по големина во Хрватска и вечерва на стадионот „Пољуд“ ќе биде претставен како нов играч на Хајдук.
Ракитиќ кој има 36 години, е најтрофејниот фудбалер кој ќе заигра во хрватската лига. Со хрватска репрезентација има сребро од Светското првенство во Русија. ги освоил и Лигата на шампионите, Суперкупот на УЕФА, двапати Лига Европа, четири освоени титули во шпанската Ла Лига, четири купа Копа дел Реј, Светско клупско првенство, Куп на Швајцарија, Куп на Германија…
После само една полусезона во Саудиска Арабија, тој реши сепак да си замине и наместо парите, да го послуша срцето, и потпиша за Хајдук со кој ќе проба да ја прекине доминацијата на Динамо Загреб.