Познатата хрватска навивачка, Ивана Кнол, која стекна голема популарност и многу нови следбеници на социјалните мрежи, уште е во Катар, бидејќи сака да го гледа финалето на Светското првенство, но има еден проблем – нема билет за финалето.
Секси бринетката побара билет преку Инстаграм.
„Мојот билет за финалето е откажан бидејќи Хрватска нема да игра. Дали некој има екстра билет за мене?“ – праша Ивана, која стиска палци за среќа и верува дека сепак ќе најде билет и ќе го гледа финалниот дуел.
Инаку, многу Аргентинци допатуваа во Катар, а немаат билети. На црно, еден билет за финалето бил препродаден за дури 15.000 долари.