Ивано Балиќ се врати на местото каде започна, ќе биде тренер во својот матичен клуб

Еден од најдобрите ракометари во историјата на овој спорт, Ивано Балиќ, има нов ангажман. После 23 години се враќа во својот матичен клуб, Сплит, како дел од стручниот штаб.

Ивано Балиќ од 1997-мата до 2001-вата настапуваше за РК Сплит, тогаш под името Бродомеркур, а потоа следуваше фантастична кариера и настапи за Медвешчак, Загреб, Портланд Сан Антонио, Атлетико Мадрид и Вецлар.

Сепак, во својата богата кариера ниту еднаш не успеа да дојде до трофејот од Лигата на шампионите, каде играше само едно финале со Портланд Сан Антонио во 2006-тата година. Со репрезентацијата на Хрватска има злато од Светско првенство и Олимписки игри.

- Оглас -

Најнови вести