Изборот на Флорентино Перез за нов стопер во Реал Мадрид е големо изненадување

Европскиот првак Реал Мадрид оваа сезона се соочува со сериозни проблеми поради повреди, особено на играчите од одбранбената линија, што создава дилеми околу тоа кој ќе игра на стоперските позиции.

Според англиските медиуми, Флорентино Перез донел одлука кој играч ќе се обиде да го донесе во јануарскиот преоден рок, а изборот е големо изненадување.

На врвот на листата на желби на Флорентино Перез, според информациите од Островот, се наоѓа Најеф Агурд, кој блеска со одлични партии на позајмица во Реал Сосиедад, далеку од својот матичен клуб, Вест хем.

Најеф Агурд мина само две сезони играјќи за Вест хем, но голем дел од времето беше повреден. По 58 настапи за тимот од Лондон, тој замина на позајмица во Реал Сосиедад, каде што досега одигра 12 натпревари, од кои девет во Ла Лига, вклучувајќи ја и победата против Барселона.

Во таа победа, Реал Сосиедад оствари еден од петте резултсти со „чиста мрежа“ оваа сезона, а неговите настапи привлекоа внимание од неколку големи клубови.

Реал Мадрид го ставил Агурд на врвот на својата листа за јануарскиот трансфер период, имајќи ја предвид неговата брза адаптација во Шпанија и Ла Лига. Неговите дефанзивни квалитети, лидерство и способност да ја започнува играта од задната линија се клучните фактори кои ги заинтересирале Карло Анчелоти и Флорентино Перез.

Во Вест хем се надевале дека Агурд ќе добие шанса во тимот откако ќе се врати од позајмица, но сега изгледа дека би можеле да заработат од неговата продажба.

Вест Хем би прифатил понуда од околу 40 милиони евра за Агурд. Ако Реал реши да го донесе, тоа би можело да биде значителен потег за засилување на одбраната.

- Оглас -

Најнови вести