Ламело Бол е играчот кој е избор на екипата на Шарлот хорнетс, на драфтот во НБА-лигата. Лично Мајкл Џордан се заложил Бол да го облече дресот на Шарлот, и тоа како трет пик на драфтот. Според Џордан, Бол е играч кој поседува висока кошаркарска интелигенција, има одличен преглед на теренот и може да биде и најталентираниот играч на овогодишниот драфт.
Ламело е помал брат на Лонзо Бол, кој во 2017 година беше избран како втор пик на драфтот. Со изборот на Ламело како трет пик, за првпат во историјата на НБА драфтот се случи двајца браќа да бидат во Топ 3 избор на драфтовите. Тие имаат и трет брат, Лијанџело Бол, кој се појави на драфтот во 2018 година, но не беше избран од ниту еден тим.
Пред Бол, на овој драфт беа избрани само двајца кошаркари. Минесота го доби шутерот Ентони Едвардс како прв пик на драфтот, додека Голден Стејт се реши да го избере 216 сантиметри високиот центар Џејмс Вајсмен. Првите два пика на драфтот имаат само по 19 години.
Во продолжение ви ја прикажуваме целокупната листа на кошаркари избрани на НБА-драфтот 2020 година.
👀 the complete draft board from the 2020 #NBADraft!
💻: https://t.co/6xQOwVKXCG pic.twitter.com/7YYZl13rTG
— NBA Draft (@NBADraft) November 19, 2020