Минесота го избра првиот пик на драфтот, треба да биде новиот Двејн Вејд

Ентони Едвардс е кошаркарот кој е избран како прв пик на НБА-драфтот за 2020 година. Минесота тимбервулфс имаше право да го одбере првиот пик и изборот падна на 19-годишниот бек шутер од универзитетот Џорџија.

Во минатата сезона, која беше прекината поради пандемијата со корона-вирусот, Едвардс имаше просек од 19,1 поен, 5,2 скока и 2,8 асистенции во 33 минути поминати во просек на терен на еден меч. Кошаркарските експерти го најавуваа Едвардс како играч кој во играта наликува на Двејн Вејд и Донован Мичел.

За првпат во историјата на НБА, драфтот се одржа виртуелно поради опасноста од корона-вирусот.

„Чувството е неверојатно. Едноставно не можам да опишам како се чувствувам. Премногу емоции“, рече Едвардс преку линковската врска. Додека зборуваше Ентони, покрај себе ги имаше портретите на неговата мајка и неговата баба, двете починати од рак во 2015 година.

- Оглас -

Најнови вести