Избран најубавиот гол во историјата на Лигата на шампионите (Видео)

Францускиот магазин „Франс фудбал“ направи листа од 50 најубави голови во историјата на Лигата на шампионите откако се игра под такво име, од 1992 година наваму. На листата има многу прекрасни голови кои се паметат и раскажуваат, а честа да биде победник му припадна на погодокот на Зинедин Зидан од финалето во 2002 година.

Тогаш на „Хемпден парк“ во Глазгов, Зидан со феноменалниот волеј удар ја испрати топката во мрежата на Баер Леверкузен и му донесе предност на Реал Мадрид од 2-1, што се покажа и како конечен резултат. Комбинацијата од убавина, атракција и важност на погодокот беа доволни голот на Зизу да биде прв.

На второ место е голот со ножички од 20-тина метри на Мауро Бресан од 1999 на меч против Барселона, додека третото место му припадна на Кристијано Роналдо и неговите легендарни ножички од преклани, на мечот Јувентус – Реал Мадрид. Целосната листа од 50 најубави голови може да ја видите тука.

Потсетување на мајсторијата на Зидан:

- Оглас -

Најнови вести