21.8 C
Skopje
недела, 14 септември 2025

Избрана идеалната петорка на Евробаскетот 2025, нема место за Јокиќ

ФИБА ја одреди идеалната петорка на штотуку завршеното Европско првенство во кошарка на кое Германија ја освои титулата.

Во најдобрата петорка на Евробаскетот 2025 се најдоа Денис Шредер од Германија, Лука Дончиќ од Словенија, Германецот Франц Вагнер, Гркот Јанис Адетокумбо и Турчинот Алперен Шенѓун.

За најкорисен, МВП на првенството е прогласен Германецот Шредер кој беше творец на победата во финалето со шест поени во последните 1,15 минути.

Германија која е актуелен светски првак, им се придружи на СССР, Југославија и Шпанија како четири земји кои биле и европски и светски шампиони во исто време.

- Оглас -

Најнови вести