3.8 C
Skopje
петок, 16 јануари 2026

Изненадување: Лазаров без најискусните против Данска! (Фото)

Селекторот на ракометната репрезентација на Македонија, Кирил Лазаров, одлучи кои 16 ракометари ќе конкурираат за првиот меч од Европското првенство против Данска. Изненадувачки, од составот испаднаа двајцата најискусни, голманот Никола Митревски и пикерот Жарко Пешевски, а за деби ќе почека и младиот Дамјан Митев.

Останува непознато дали се работи за тактичко изоставаување, со цел да ги сочува за мечот против Португалија или се работи за проблем со повреди.

- Оглас -

Најнови вести