Изненадување на турското Гран при: Строл на пол-позиција

Трката за големата награда на Турција, 14-та во сезоната на Формула 1, утре ќе почне со изненадување на пол-позицијата. Прв на трката ќе почне Ленс Строл, возачот на Рејсинг поинт, што за него е историски пласман.

Во лошите временски услови на патеката „Истанбул парк“, Строл забележа најдобро време од 1:47.765 минута, и беше три десетинки побрз од Макс Ферстапен. Строл е прв Канаѓанец по Жак Вилнев кој освојува прво место во квалификации од една Ф1 трка, а успеа да ја прекине доминацијата на Мерцедес, односно Хамилтон и Ботас кои ги освојуваа пол-позициите во претходните 13 трки сезонава.

По Строл и Ферстапен, на третото место ќе почне вториот возач на Рејсинг поинт, Серхио Перес. Болидите на Мерцедес го остварија најлошиот пласман оваа сезона, Хамилтон ќе тргне од 10-тото место, Ботас е на три места подолу.

- Оглас -

Најнови вести