Изненадување од Германија: Јирген Клоп повторно ќе седне на клупата на Борусија Дортмунд

Јирген Клоп повторно ќе седне на клупата на Борусија Дортмунд, но нема да биде тренер. Двајца фудбалери се причината за враќањето на легендарниот германец на „Вестфален“.

На седми септември во Дортмунд ќе се одигра ревијален натпревар помеѓу екипите на Лукаш Пишчек и Јакуб Блашчиковски, а една од екипите ќе биде предводена токму од Јирген Клоп. За двајцата фудбалери ова ќе биде последен меч во кариерите, а во главна улога ќе бидат фудбалерите на „милионерите“ кои стигнаа до трофејот во 2011-тата година.

Јирген Клоп без размислување ја прифатил поканата, а за германските медиуми изјавил дека за такви легенди секогаш има време.

- Оглас -

Најнови вести