Изненадување – Португалците објавија дека Роналдо е резерва против Швајцарија

Кристијано Роналдо ќе биде резерва за Португалија вечерва од 20 часот, во последното осминафинале на Мундијалот во Катар, објави „Рекорд“.

Португалскиот медиум тврди дека ЦР7 ќе биде резерва, а место него во стартниот состав ќе биде најверојатно Гонкало Рамос од Бенфика.

Претходно излезе информација дека селекторот Сантош не е задоволен од односот на Роналдо во текот на претходниот меч со Јужна Кореја, па веројатно и тоа е дел од причината за преселбата на клупата за резерви.

- Оглас -

Најнови вести