Тениската ѕвезда Стефанос Циципас, ги стопли срцата на навивачите на фудбалскиот клуб Џенова, откако попладнево се појави на теренот на „Луиџи Ферарис“ облечен во дрес на Џенова.
Циципас на популарниот Мараси имаше прилика пред публиката да покаже тениска и фудбалска умешност. Голманот го загреваше со тоа што кон голот упати тениски топчиња кои ги удираше со рекет, му шутираше и со фудбалска топка, а кратко учествуваше и во „шева“ со останатите фудбалери на Џенова.
„Навивам за Џенова долго време, навистина сум среќен што сум овде. Кога бев млад, со брат ми игравме видео игра, морав да одберам тим и ја видов Џенова, мислев дека логото е неверојатно. Многу ми се допадна логото, така почнав да навивам за овој клуб. Инаку, играв фудбал во поголемиот дел од мојот живот до 12-годишна возраст, дури подоцна се заљубив во тенисот, но отсекогаш го сакав фудбалот и сакав да станам фудбалер“, раскажа Циципас.
Greek Tennis Superstar Stefanos Tsitsipas making some practice kicks & goals in Genoa, Italy today for the kickoff of the big football game @GenoaCFC vs AS Roma #GenoaRoma #Soccer
September 15, 2024@atptour @TennisChannel
— TennisHYPEMedia (@TennisHypeMedia) September 15, 2024