Израелците се плашат од коронавирусот, бараат да не им судат Италијанци

Поради опасност од ширење на коронавирусот, Израел ја затвори својата граница за сите луѓе кои доаѓаат во Светата земја од Италија, па затоа кошаркарскиот клуб Хапоел Ерусалим, во пресрет на дуелот со грчки Перистери в среда од Лигата на шампионите на ФИБА, испрати специјално барање до Европската федерација да не им испраќа судии од Италија.

Натпреварот се игра в среда од 18.15 часот, а останува да се види дали ФИБА ќе им ја исполни желбата на Израелците.

- Оглас -

Најнови вести