Ја донесе шпанската армада во Премиер лигата, сега стравува за опстанок

Рафаел Бенитес беше пионер меѓу шпанските тренери во Англија, прв го проби мразот со потписот за Ливерпул на 16-ти јуни 2004 година, а сега стравува да не биде последен или меѓу последните на табелата со Њукасл.

Њукасл е во мошне незгодна ситуација, сопственикот Мајк Ешли сака да го продаде клубот пред да почне зимскиот преоден рок, а „црно-белите“ не стојат добро со пласманот на табелата. Моментно, пред почетокот на божикното лудило во Англија се наоѓаат на 15-тото место со 17 бодови, само пет повеќе од Барнли, кој е во опасната зона за испаѓање.

„Ако бидеме подобри на крајот од три екипи, тоа ќе биде чудо. Треба да ни биде јасно дека сме во позиција да се бориме за опстанок, дури и да стравуваме во битката за остварување на целта. Останатите екипи во Премиер лигата потрошија многу повеќе пари за засилувања од нас. Сепак, не се откажуваме и на сите во клубот им велам дека со малку среќа можеме да успееме“, вели Бенитес.

Фудбалскиот пат е чуден, а неговиот пример го покажува тоа. Бенитес е првиот шпански тренер во историјата на англиското првенство и единствениот на светот со титули од Лигата на шампионите, Лигата на Европа, Суперкупот на УЕФА и Светскиот клупски куп на ФИФА. Но, сега е во позиција да бие тешка битка за опстанок, во моменти кога и сопственикот на Њукасл сака да крене раце и да го продаде клубот.

- Оглас -

Најнови вести