Ја ќари најпопуларната пејачка и продажбата на дресови му скокна за 400%!

Тревис Келси кој е еден од најдобрите играчи на НФЛ тимот Канзас Сити чифс, влезе во љубовна врска со пејачката Тејлор Свифт, и тоа му донесе огромна популарност.

Келси е добро познат во САД, важи за НФЛ ѕвезда, но ова што му се случува во последниот период, по објавувањето на врската со најпопуларната американска пејачка во моментов, е лудило.

Продажбата на дресови на Канзас сити со бројот 87 на грбот и името на Келси, скокнала за неверојатни 400 проценти откако се обелодени неговата врска со Тејлор Свифт. Освен тоа, Келси доби и нови 300.000 следбеници на Инстаграм.

- Оглас -

Најнови вести