Ја победи Аргентина, па понуди оставка

Рафаел Дудамел наместо да ужива во големата победа од 3-1 која неговата Венецуела ја извојува против Аргентина на пријателскиот меч во Мадрид, смета дека е најдобро да се повлече од селекторската функција и тоа од политички причини.

Триумфот над Аргентина која беше предводена од Лионел Меси, се користи за политички цели, а селекторот не сака да го трпи тоа. Проблемот се појавил уште пред средбата во Мадрид, кога официјални лица од Венецуела ја посетиле екипата. Во оваа јужно-американска земја владее политички хаос, бидејќи владата на претседателот Николас Мадуро не е признаена од многу земји во светот, предводени од САД.

Дудамел ќе седи на клупата и на пријателскиот меч против Каталонија в понеделник, а потоа ќе се разговара за тоа дали ќе му биде прифатена оставката. Тој од 2016 година е селектор на сениорите, а преклани со младите до 20 години, стигна до финале на СП, во кое загубија од Англија со 0-1.

- Оглас -

Најнови вести