Ja помина и Серена, пред Ѓоковиќ само две тенисерки со повеќе недели на врвот

Новак Ѓоковиќ од денес влезе во 320-тата недела на врвот на АТП-листата со која ја помина Серена Вилијамс по бројот на недели ако се сметаат двете конкуренции.

Пред српскиот тенисер има само две тенисерки кои останале подолго од него на врвот, а тоа се Мартина Навратилова со 322 недели и неприкосновената Штефи Граф со 377 недели како најдобра тенисерка на ВТА-листата.

Во машката конкуренција има промени на второто место. Данил Медведев повторно го престигна Рафаел Надал, кој има 150 бода помалку од Русинот и стои на третото место. Доминик Тим е на четвртото место, следуваат Циципас, Зверев, па Федерер на осмото место, додека топ 10 комплетираат Беретини и Шварцман.

- Оглас -

Најнови вести