Ја внесе Словенија во Б Лигата на нации и доби бесплатен бурек до крајот на животот

Селекторот на словенечката фудбалска репрезентација, Матјаж Кек, заедно со своите помошници, добија необичен подарок за одличните партии на оваа селекција во Лигата Ц од Лигата на нации. Словенија имаше четири победи и две ремија во својата група, па напредуваа во Лига Б, а во знак на благодарност, една бурекџилница им вети бесплатен бурек до крајот на животот.

Таа продавница за бурек е и еден од спонзорите на репрезентацијата и клубот Олимпија од Љубљана.

„Господине Кек, браво за оживувањето на националниот тим и вашите комуникациски вештини. Имате доживотен бесплатен бурек кај нас“ – стои во пораката која е објавена на Фејсбук страницата на „Бурек Олимпија“.

Кек ја презеде Словенија во 2018 година, откако пет години ја водеше Риека со која стана и првак на Хрватска.

- Оглас -

Најнови вести