Ја збунивме и ФИФА со името на државата

И во ФИФА не се начисто со името на нашата држава, па тројцата македонски претставници што гласаа за најдобрите во светот на фудбалот за 2019 година се претставени различно.

Капитенот на македонската репрезентација Горан Пандев и селекторот Игор Ангеловски гласаа во името на Северна Македонија за најдобрите фудбалери во изборот на ФИФА, а познатиот спортски новинар Мијалче Дургутов како единствен претставник на нашите медиуми со право на глас е заведен под референцата ФИРОМ во гласањето на ФИФА.

Пандев го одбра Вирџил ван Дајк за најдобар играч на планетата за 2019 година, а поени им даде и на Садио Мане, и тоа три и на Мохамед Салах еден.

Ангеловски го „копираше“ изборот на Пандев и гласаше по истиот редослед, пет поени за Ван Дајк, три за Мане и еден за Салах.

Дургутов во името на новинарите од Македонија имаше поинаков избор, а за број еден играч на планетата го одбра Мохамед Салах. Зад него е Меси, кој победи на изборот, а потоа е Вирџил ван Дајк.

Комплетната листа на сите селектори, капитени на репрезентациите и новинари со нивниот избор и гласање можете да го погледнете ОВДЕ.

- Оглас -

Најнови вести