Јаховиќ даде гол, а по мечот беше пресреќен што ги доби жолтиот и црвениот картон (Видео)

Македонскиот репрезентативец Адис Јаховиќ постигна гол во победата на Гезтепе на гости кај Касимпаша со 2:1, а по мечот доби интересен сувенир.

Јаховиќ го одигра целиот меч за гостите, а погоди во 67 минута кога израмни на 1:1. Гезтепе до победата стигна со погодок на четири минути пред крајот и сега има осум бода од девет кола.

По средбата, Јаховиќ се пофали дека ги добил жолтиот и црвениот картон од судијата Џунејт Чакир. Голгетерот објасни дека неговиот син бил голем фан на Чакир и дека тоа ќе биде подарок за него.

 

- Оглас -

Најнови вести