Јаки се светските прваци – Италија го растажи домаќинот Унгарија и ќе игра со Грците за ново финале

Италија е последниот полуфиналист на Светското првенство во ватерполо и актуелните светски прваци останаа во игра за одбрана на титулата по победата од 11:10 против домаќинот Унгарија.

Аѕурите блескаа од средината на третата четвртина и направија предност од 11:7 што беше недостижна за фаворизираните Унгарци, кои само го ублажија поразот со три гола по ред.

Италија ќе игра против Грција за ново финале на Мундијалите откако нашиот јужен сосед денеска го победи САД со 16:11.

Во второто полуфинале ќе играат Хрватска и Шпанија и тоа ќе биде дерби-меч. Хрватите го елиминираа актуелниот олимписки првак Србија со победа од 14:12, додека Шпанците беа поуспешни од Црна Гора и славеа со 7:6.

- Оглас -

Најнови вести