Јакимовски гази во НЦАА, со Вашингтон стејт се пред легендарниот Универзитет УКЛА (Видео+Фото)

Андреј Јакимовски брзо се прилагоди на условите во НЦАА лигата и станува лидер на тимот на Вашингтон стејт, а ноќеска имаше најголема минутажа во тимот и одлично издание во победата од 69:60 против Портланд стејт.

Нашиот кошаркарски талент постигна 12 поени и имаше 7 скока за 34 минути игра, а тимот од главниот град на САД гази сигурно на стартот од сезоната во реномираната лига и е со максимален биланс од пет победи.

Јакимовски има 19 години и ја игра првата сезона во НЦАА, а почетокот и за него и за тимот е брилијантен. Вашингтон стејт и Аризона се единствените две непоразени екипи на врвот на табелата во Пацифик-12 конференцијата, а зад нив е легендарниот Универзитет, УКЛА, кој е најтрофеен во колеџ-кошарката во САД со 11 титули.

 

- Оглас -

Најнови вести