Ламин Јамал беше прогласен за најдобар играч на вечерашното полуфинале на ЕП, на кое со прекрасен гол влезе во историјата и го најави пресвртот против Франција.
На крајот од мечот 16-годишникот го прослави пласманот во финалето со гест кон камерата и велеше „зборувај, зборувај“, а се знае и кому му беше посветена оваа порака, до Адриен Рабио.
Рабио пред полуфиналето изјави:
„Јамал одлично се справува со притисокот. Тој има многу квалитет. Наше ќе биде да го ставиме под притисок, да не му дозволиме да биде мирен и да му покажеме дека за да игра во финале, ќе мора да направи многу повеќе отколку што направил досега“.
https://twitter.com/i/status/1810783256691761260