Јамал на 17-тиот роденден откри кој му го барал дресот, но и вели: „Јас секогаш ќе играм за Барселона“

Младиот фудбалер на Барселона и репрезентацијата на Шпанија, Ламине Јамал, дека го слави својот 17-ти роденден. По тој повод шпанскиот весник „Марка“ објави големо интервју со младата ѕвезда, која веќе утре ќе игра во финалето на Европското првенство против Англија.

Јамал имаше неколку интересни одговори кои го привлекоа вниманието на фудбалската јавност во Шпанија, а откри дека после полуфиналето, Килијан Мабпе го побарал неговиот дрес.

„После натпреварот со Италија дресот ми го побара Киеза, а после дуелот со Франција ме праша Мбапе. Кога тој ќе те праша, тогаш нормално дека ќе му го дадеш дресот.“ – вели Јамал.

Новинарот побара коментар и за изјавата на Карвахал во која вели дека постојано го убедува Родри да дојде во Реал Мадрид.

„Не, не, јас секогаш ќе играм за Барселона.“ – одговори Јамал на прашањето дали и тој има таква покана од Карвахал.

Роденденот на младиот шпански репрезентативец е само на еден ден пред финалето на Европското првенство, но тој вели дека не сака подарок.

„Ѝ кажав на мојата мајка дека ако победиме во финалето не сакам подарок. Сакам само да ја прославиме европската титула во соиграчите во Мадрид. Тоа ќе биде лудница.“ – вели Јамал.

- Оглас -

Најнови вести