21.8 C
Skopje
вторник, 8 јули 2025

Јамал од соиграч од Барселона доби златен „ајфон“ вреден 12.000 евра

Ламин Јамал во следните три недели ќе закрепнува по повредата на глуждот на десната нога, но иако не е актуелен на теренот, ѕвездата на Барселона повторно е во фокусот на вниманието. Јамал доби подарок од соиграчот од Барселона, Рафиња, и тоа персонализиран златен „ајфон“ вреден 12.000 евра.

Според пишувањата на англиски „Сан“, Рафиња бил инспириран од Лионел Меси и Кевин де Бројне, кои претходно купуваа позлатени подароци на свои соиграчи. Овој подарок за Јамал доаѓа како награда за признанието кое тинејџерот го доби на гала-свеченоста во Париз, каде што беше прогласен за најдобар млад фудбалер во светот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by (@idg)

 

„Рафиња на Јамал му подари ‘ајфон’ од злато и тој беше воодушевен. Тоа беше знак за нивното пријателство како надвор од теренот така и на теренот. Рафиња го порачал телефонот специјално за Јамал, креиран од  I Design Golda и потоа беше персонализиран и го има неговото име“, вели неименуван извор за „Сан“.

Гласноговорникот на I Design Golda потврди дека креирале златен „ајфон“ за Јамал. Во 2022 година, Лионел Меси им подари златни „ајфони“ на сите фудбалери во аргентинската репрезентација и членови на националниот тим кои беа дел од Светското првенство во Катар, каде што Аргентина стигна до светската титула. Меси вкупно тогаш купи 35 телефони, а еден таков телефон чинел 20.000 евра.

 

- Оглас -

Најнови вести