Шпанија во спектакуларен меч ја победи Франција со 5-4 во полуфиналето од Лигата на нациите и си закажа пиринејско финале против Португалија. Овој меч беше отценет како одлучувачки за Златната топка, иако работите не функционираат баш на тој начин.
Како главни кандидати за Златната топка се споменуваат Ламине Јамал и Усама Дембеле, а младиот Шпанец на мечот против Франција успеа двапати да се запише во листата со стрелците. Сепак, Јамал не сака да се расфрла премногу со изјави на оваа теме.
„Ќе биде многу тешко против Португалија, имаат играчи од светска класа. Двете репрезентации се квалитетни, но се надевам дека ќе го донесеме трофејот во Шпанија. Секогаш ѝ кажувам на мајками дека играњето фудбал ме мотивира да станам од кревет наутро. Најдобро разговарам на терен. Дембеле е одличен фудбалер, но ние сме во финале.“ – рече Јамал.