Јанг шести играч на Интер позитивен на ковид-19, што ќе се случи со дербито на Милано?

Дербито на Милано кое е закажано за 17 октомври, е под знак прашалник откако корона-вирусот почна да се шири во редовите на Интер. Eшли Јанг е шестиот играч на Антонио Конте кој се зарази со ковид-19, претходно позитивни случаи се утврдија кај Најнголан, Галјардини, Шкрињар, Бастони и Раду.

Во меѓувреме позитивните играчи на Милан, Златан Ибрахимовиќ и Лео Дуарте, го надминаа вирусот и многу веројатно ќе му се стават на располагање на Стефано Пиоли за градското дерби, кое пак сега виси во воздух и не е сигурно дека ќе се одигра според стандардниот термин.

Претходно поради активни случаи во Џенова беше одложен дуелот против Торино, додека пак Наполи не отпатува за Торино за да го одигра дербито против Јувентус, откако Елмас и Зјелински се заразија со корона-вирусот, а целата екипа на Гатусо заврши во карантин.

- Оглас -

Најнови вести