Јаник Синер и Јиржи Лехецка ќе играат во финалето на тенискиот Мастерс во Мајами. Двајцата своите полуфинални дуели ги добија со два сета, Синер против Александер Зверев, а Лехецка против Артур Филс.
Во финалето до кое дојде без загубен сет, Синер ќе биде фаворит против 22-риот на АТП листата.
Ако победи Синер, ќе стане само осмиот играч во историјата, а прв по Роџер Федерер во 2017 година, кој во иста година триумфирал на двата американски Мастерси 1000 на тврда подлога, во Индијан Велс и Мајами.
Ако победи Лехецка, тој ќе го повтори успехот на сонародникот Јакуб Меншик кој лани направи изненадување во финалето во Мајами, победувајќи го Новак Ѓоковиќ.

