Јанис е како мало дете, си игра со Диносаурус на тајмаут (Видео)

Јанис Адетокумбо фати ритам и растура со блескави настапи во НБА-лигата, а во телото на џинот велат дека се крие дете, што е илустрирано на интересен начин.

Додека имаше пауза за тајмаут на дуелот меѓу Милвоки бакс и Далса Маверикс, на кој Јанис даде 30 поени со 11 скока, стигна и да си поигра со интересна играчка, Диносаурус.

На паркетот беше лидер во победата на Елените од 124:115 и на последните четири меча постојано дава 30 или повеќе поени.

 

 

- Оглас -

Најнови вести