Јанис и Леброн се капитени на Олстар-тимовите

Јанис Адетокумбо и Леброн Џејмс имаат најмногу гласови во изборот за Олстар-екипите и се именувани за капитени за дуелот што ќе се игра во Шарлот на 17-ти февруари.

Леброн го престигна Лука Дончиќ, а Јанис има повеќе гласови од Кавај Ленард. Сепак, тоа се само 50 проценти од гласовите од симпатизерите, а се сметаат и по 25 проценти гласови од медиумите во САД и од играчите во НБА-лигата, па на седми февруари двајцата капитени ќе бидат главни ѕвезди во НБА-шоуто и ќе одредат како ќе изгледаат двете екипи.

Во директен пренос, Џејмс и Адетокумбо ќе си ги одберат своите екипи, а одредени се играчите кои ќе бидат стартери.

Ќе се оди по принципот секој од двајцата капитени наизменично да си бира кошаркар за својата екипа, бидејќи од лани нема веќе класична поделба на Источна и Западна конфенерција за Олстар мечот.

Еве ги кошаркарите кои ќе бидат во стартните петорки и кои ќе бидат драфтувани од Адетокумбо и од Џејмс на седми февруари.

Исток: Кајри Ирвинг, Кемба Вокер, Јанис Адетокумбо, Кавај Ленард и Џоел Ембид.

Запад: Стефон Кари, Џејмс Харден, Леброн Џејмс, Пол Џорџ и Кевин Дурант.

 

- Оглас -

Најнови вести