Жозе Мурињо, кој ќе биде новиот тренер на Реал Мадрид, смета дека приоритет треба да биде да се засили и да се подобри одбраната бидејќи тој дел го смета за слаба точка на тимот.
Иако и недостатокот на креативност во средниот ред останува проблем, Мурињо верува дека главниот проблем на Реал Мадрид е дефанзивата. Бројките го потврдуваат ова.
Тимот на Реал кој ги освои Ла Лига и Лигата на шампионите во сезоната 2023/24 прими само 50 гола на 55 натпревари, во просек помалку од еден по натпревар. Оттогаш ситуацијата се промени. Кралевите примија 84 гола на 68 натпревари во текот на 2024/25 и 64 гола на 56 натпревари во изминатава 2025/26.
Мурињо побарал доаѓање на уште еден централен бек од највисоко ниво освен Конате и еден лев бек способен да биде стартер. Намерата е да се изгради поцврста, посигурна одбрана со доволно опции за да се соочи со долгата сезона. Во овој контекст се појавија имиња кои совршено одговараат на профилот. Гвардиол и Калафиори се играчи кои им се на листата на желби.
Моменталната дефанзивна линија ги вклучува Трент, Асенсио, Карерас, Фран Гарсија, Ридигер и Хаусен, покрај Милитао и Менди, кои закрепнуваат од повредите. Клубот ги договори Конате и Думфрис, но Мурињо сака уште.

