Јанис ја кажа вистината и ги разочара Грците

Репрезентацијата на Грција е единствена која на Европското првенство ќе има дури четворица браќа во составот. НБА ѕвездата Јанис Адетокумбо е предводник во тимот, а тука се и неговите тројца браќа. Според некои анализи на ФИБА, Грција има добри шанси за висок пласман, па дури и за освојување на медал, но Адетокумбо не е толку голем оптимист.

„Според последните тренинзи, не сме подготовени за освојување медал, но секако имаме шанси. Не е важно што светот очекува од нас, туку што нашиот тим очекува. На сите големи натпреварувања на кои сум играл со Грција не сме успеале да стигнеме ниту до четвртфиналето. Не сме подготвени за медал. Мора да направиме вистинска хемија во тимот и добра атмосфера. Треба сите заедно да се потрудиме за такво нешто. Имаме три недели д се подготвиме до почеток на ЕП“, рече Адетокумбо.

На континенталниот собир, Грција е во групата Ц со Естонија, Босна и Херцеговина, Украина, Велика Британија, Хрватска и домаќинот Италија.

- Оглас -

Најнови вести