Јанис не можеше сам, Милвоки неочекувано убедливо поразен (Видео)

Домашните и гостинските екипи си поделија по две победи и два порази на четирите синоќешни натпревари од НБА лигата. Интересно, дури на три меча победија екипите кои беа аутсајдери според квотите.

Милвоки вторпат по ред загуби натпревар на кој нивниот најдобар кошаркар, Јанис Адетукомбо, има одличен ефект. Грчкиот интернационалец натпреварот го заврши со 33 поени и 10 скока, но тоа не беше доволно да ја спаси својата екипа од пораз со 112-97 на гостувањето кај Орландо.

Единствената очекувана победа ја забележаа кошаркарите на Бостон, кои на домашен терен го совлааа Торонто со 117-94.

На натпреварите во Атланта и Сан Франциско, изненадувачки победи забележаа гостинските екипи. Мајами со 109-117 ја победи Атланта, додека Кливленд со 110-118 славеше кај Голден стејт.

 

- Оглас -

Најнови вести