Екипата на Јанта волеј оствари историска победа на гостувањето кај босанскиот тим Гацко од Требиње, и се пласираше во следното коло од квалификациите во Лигата на шампионите за жени.
За Јанта волеј оваа беше прво европско гостување во својата историја, а славеа со 3-2 во сетови, иако губеа 1-2, па успеаја да се изборат со дуели со француски Волеро од Кан во следната рунда. И првиот меч во Скопје, Јанта волеј го доби со 3-2 во сетови.
Мери Бошковска со 17 поени беше најрасположена, а Украинката Јаневиќ имаше 5 успешни блокови и вкупно 12 поени, колку што имаше и другиот среден блокер Ледесма.

Ова е првпат по 1997 година некој женски македонски тим да мине некоја европска пречка во ЛШ, а поминаа 23 години откако претходен пат наш тим минал некого во Европа. Сето ова покажува каков успех направи клубот кој слави 20-годишнина од своето формирање.

