Јап Стам откри што се случувало на полувремето со Ливерпул во Истанбул

Легендарниот холандски одбранбен играч Јап Стам, кој имаше завидна кариера играјќи за ПСВ, Манчестер јунајтед, Лацио, Милан и Ајакс, во 1999 година со Црвените ѓаволи од Манчестер освои тројна круна (ЛШ, Премиерлига и ФА куп), а беше и дел од тимот на Росонерите од Милано кои во 2005 година во Истанбул го загубија неверојатното финале против Ливерпул.

За потсетување, Милан на полувреме водеше со 3-0, но Ливерпул само за шест минути (од 54 до 60 минута) израмни, Шевченко во екстра периодот утна една стопроцентна шанса и потоа Англичаните славеа на пенали.

„Тоа беше кошмар. Во мојата кариера има тројна круна со Јунајтед, но луѓето ги интересира што се случи на полувремето против Ливерпул, секогаш ме прашуваат тоа, што се случило во соблекувалната? Приказните кои кружат со години, се невистинити. Не е точно дека славевме однапред. Анчелоти ни рече да внимаваме, добро да ги чуваме, но за шест минути примивме дури три гола. Тоа беше шок од кој веќе не можевме да закрепнеме“, рече Стам.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести