Натпреварот од првото коло на Отвореното првенство на САД помеѓу Јошихито Нишиока од Јапонија и Миомир Кечмановиќ од Србија не го доживеа својот крај откако драматични сцени се случија во петтиот сет. Резултатот беше 2-2 во сетови и 1-0 за Кецмановиќ во петтиот сет, кога јапонскиот тенисер се сруши на теренот од силни гречеви кои ги доби во пределот на стомакот.
Дваесетитина минути му се укажуваше помош на теренот, а потоа во инвалидска количка беше изнесен и хоспитализиран. Не е позната причина за влошената состојба на Нишиока, ниту каква е неговата здравствена состојба во моментов.