Јелена Ѓоковиќ го изгушка Зверев откако тој го совлада нејзиниот сопруг (Видео)

Спортскиот ферплеј однос е една од најубавите работи, а очигледно дека тој елемент не недостасува кај Јелена Ѓоковиќ, сопругата на најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ.

Се појави снимка на која се гледа како веднаш после полуфиналната победа на Германецот над Србинот на завршниот турнир во Торино, Зверев оди кон соблекувалната, и прима честитки. Јелена со насмевка, искрено му честиташе на Саша, дури и го прегрна, иако сигурно таа повеќе сакаше нејзиниот маж да победи и да игра финале.

Зверев подоцна го освои турнирот, а после финалето во кое со 2-0 го победи Данил Медведев, имаше интересен разговор со Пауло Дибала кого го наговараше да прејде од Јувентус во Баерн.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести