Сопругата на Новак Ѓоковиќ, на Инстаграм сподели видео од нејзиниот престој во Македонија и порача дека си поминала преубаво, што треба да биде препорака и за нејзиниот сопруг еден ден да ја посети нашата убава земја во која тој е многу популарен.
„Прекрасни моменти со Фондацијата Новак Ѓоковиќ во Скопје. Нè чуваа како охридски бисери. Ќе се вратиме по нова доза на љубов, како за вас, така и за нас. Благодарам од срце Македонијо за таквиот убав дочек и љубовта“ – напиша Јелена Ѓоковиќ и сподели видео со интересни моменти од престојот во Скопје и музика од песната „Македонско девојче“.