Јенките ќе ги поразат Близнаците

Њуелс Олд бојс – Банфилд (Фудбал, Аргентина, 00.00 часот)

Домашните многу подобро ја отворија сезоната, имаат двојно повеќе бодови од Банфилд, а и еден натпревар помалку, па секако важат за фаворити на хартија. Њуелс дома има низа од пет лигашки победи по ред, но последната домашна радост против Банфилд им беше во 2012 година. Сепак, три години не играле меѓусебе и треба со резерва да земат податоците од историјатот на меѓусебните пресметки.

Предлог тип: 2-3 гола (2.00)

 

Атлетико Тукуман – Талјерес Кордоба (Фудбал, Аргентина, 02.10 часот)

Талјерес е пријатно изненадување во аргентинскиот шампионат, имаше пет победи во првите седум кола, пред да им биде запрена низата во осмата рунда кога претрпеа пораз. Ова е дуел на два тима кои многу ретко играат нерешено. Гостите од Кордоба четири пати гостување кај Тукуман и никогаш не постигнале гол, можеби сега им е шансата да го прекинат малерот.

Предлог тип: Х2 & ГГ (2.90)

 

Њујорк јенкис – Минесота твинс (Бејзбол, МЛБ плејоф, 01.07 часот)

Ова е прв меч од четвртфиналната плејоф серија во која Јенките се фаворит според резултатите во регуларната сезона. Но, според формата со која ја завршија регуларната сезона, Минесота е во предност, и се наоѓа во подобар резултатски ритам. Њујорк дома има шест победи на последните седум соочувања со Близнаците, па прогнозираме дека Јенкис ќе поведе со 1-0.

Предлог тип: 1 (1.54)

 

ЛА Доџерс – Вашингон нешенелс (Бејзбол, МЛБ плејоф, 03.37 часот)

Лос Анџелес победи со 6-0 во првиот меч кој се играше синоќа, Доџерс има девет победи на последните десет меча, и сето тоа укажува дека гостите нема што да бараат. До пред поразот против Доџерс, Националните имаа девет победи по ред. Последните две гостувања на Нешенелс во Лос Анџелес завршија со порази од 0-6, сега ќе имаат мотиви да извлечат поповолен резултат и барем во првиот ининг нема да му дозволат на противникот да направи предност.

Предлог тип: Х пол. (1.65)

 

Њу Џерси девилс – Винипег џетс (Хокеј, НХЛ лига, 01.00 часот)

За Ѓаволите, ова е прв меч сезонава, а канадскиот тим загуби од Њујорк ренџерс со 4-6 и сега оди на поправен во соседниот Њу Џерси. Но, Девилс имаа прилично добри резултати во подготвителниот период и редно е да ја прекинат лошата традиција во дуелите со Винипег. Неверојатно звучи податокот дека Њу Џерси на свој терен од 2012 година нема чиста победа (без продолжение ) над Џетс.

Предлог тип: 1 (2.25)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести