По победата над Пелистер, тренерот на Шкендија, Јетон Беќири, се пожали на нерамноправен третман бидејќи неговиот тим ќе има кратко време за да се подготви за дербито со Вардар в четврток во Скопје.
„Важно беше да победиме бидејќи има замор по мечот со Самсунспор. Реагиравме по примениот гол и покажавме карактер. Загрижувачки е што имаме само два дена да се подготвиме за натпреварот против Вардар, за разлика од противникот, кој има пет дена. Шкендија заслужува многу поголема почит“, изјави Беќири.
По 20 одиграни кола, Вардар е лидер на табелата со 52 бода, додека Шкендија е второпласирана со 48 бода. Тоа се двете екипи кои се најсериозни кандидати во трката за титулата во првенството.

