Шкендија го доби дербито против Вардар на гостински терен со минимални 0-1 и сега има заостанување од само еден бод позади лидерот на табелата. Борбата за титулата се вжештува, а тренерот на тетовци вели дека победата не е никакво изненадување, бидејќи целта била токму тоа.
„Нa овој натпревар гледавме како на дуел што треба да го добиеме. Дојдовме да победиме и успеавме во тоа. Не сум изненаден од победата, затоа што искрено ја очекувавме, добро се подготвивме и силно ја посакувавме. Сакам да им честитам на фудбалерите за нивниот ангажман. Иако, за разлика од противникот, имавме само два дена за да се подготвиме за натпреварот.“ – рече тренерот на Шкендија, Јетон Беќири, по победата над Вардар.

