Јирген Клоп мрази да гостува само на еден стадион

На ниту еден тим кој гостува на „Енфилд“ не му е лесно да излезе на крај со атмосферата и да го победи Ливерпул, а тренерот на Црвените, Јирген Клоп, се плаши само од едно гостување.

Во интервју за ФИФА, германскиот стручњак кој седи на клупата на актуелниот европски првак рече дека мрази кога треба да гостува на „Рамон Санчес Писхуан“ во Севилја.

„Не знам со сигурност кој стадион е најдобар за играње, но знам дека стадион на кој најмногу мразам да гостувам е оној на Севилја. Таму атмосферата е неверојатна“, вели Клоп.

Клоп нема позитивни искуства од дуелите во Севилја. Таму има гостувано со Мајнц, Борусија Дортмунд и Ливерпул. Последното гостување му беше во ноември 2017, кога Севилја и Ливерпул одиграа 3-3.

- Оглас -

Најнови вести