19.8 C
Skopje
вторник, 30 септември 2025

Јирген Клоп: Никогаш веќе нема да работам како тренер

Поранешниот менаџер на Ливерпул, Јирген Клоп, во интервју за „Атлетик“ откри дека сè уште е уверен дека повеќе нема да работи како тренер. Германецот зборуваше и за новата работа во „Ред Бул“, за промените во Премиер лигата и за големата оптовареност на играчите.

Уверен е дека никогаш повеќе нема да работи како тренер.

„Така мислам во моментот. Но, никогаш не се знае. Јас имам 58 години. Ако почнам повторно на 65, луѓето ќе кажат: ‘Нели објави дека никогаш повеќе нема да го направиш тоа!’ Но, сега мислам така, сто проценти. Не ми недостасува ништо од тренерската професија, сега сум посветен на ‘Ред Бул’ и моите обврски што го имам таму“, вели Јирген Клоп.

Тој ги анализираше и промените во Премиер лигата, но не сака да дава совети.

„Многу нешта се менуваат. Јас главно ги гледам само тимовите на ‘Ред Бул’. Манчестер сити се враќа и се менува, Ливерпул има специфичен стил, многу офанзивен. Но, постојат различни начини на игра. Не сум папата на фудбалот, не давам совети надвор од ‘Ред Бул’“.

- Оглас -

Најнови вести