Јокиќ брутално искрен: Бев најлош на теренот

Екипата на Денвер нагетс поведе со 2:1 во победи против Оклахома сити тандерс во втората рунда од плејофот во НБА лигата. Во „Бол арената“ во Денвер, домашниот тим се радуваше на победа од 113:104 и тоа по одигрување на дополнителните пет минути.

Четворица играчи на Денвер постигнаа 20+ поени, а Никола Јокиќ по мечот беше разочаран од неговата игра. Српскиот центар мечот го заврши со 20 поени, 16 скока и шест асистенции, но имаше очаен шут од поле, а загуби и осум топки во нападот. Неверојатно делува фактот дека Јокиќ шутираше 10 пати за три поени и сите 10 шута ги промаши.

„Се обидував да бидам присутен на мечот. Одбраната во последниот период беше на посакуваното ниво. Оклахома е многу цврста и физички силна екипа. Јас промашував многу, правев многу грешки. Бев најлош играч на теренот, но најважно е дека победивме на крајот. Ова беше тимска победа со многу вложен труд, а на крајот одлучи одбраната“, рече Јокиќ по средбата на која погоди само осум од 25 упатени шутеви.

„Промашив неколку отворени шутеви, но и тоа може да се случи. Бев фрустриран, но сакав да останам фокусиран. Имав поддршка и од соиграчите“, заврши Јокиќ.

Четвртиот меч од оваа возбудлива серија ќе се игра во недела вечер, а Денвер повторно е домаќин.

 

- Оглас -

Најнови вести