ТФТ на сè или ништо против Златибор: Победа или елиминација и крај за сонот

Актуелниот лидер во Супер кошаркарската лига на Македонија, ТФТ, вечерва има шанса да го продолжи сонот за пласман во најквалитетната јадранска конкуренција. Вториот четвртфинален меч против Златибор ќе го даде одговорот дали екипата од Тафталиџе ќе биде елиминирана или ќе се избори за „мајсторка“ на гостински терен.

Златибор го доби првиот меч со убедливи 101-86, па ТФТ вечерва од 18 часот во салата „Градски парк“, односно по ново „Лазар Лечиќ“, ќе нема избор и ќе мора да победи.

Овие две екипи имаат одиграно вкупно три натпревари во второлигашката јадранска конкуренција и сите ги добила екипата од Србија. Златибор го победувал ТФТ со 14, 15 и 19 поени разлика.

- Оглас -

Најнови вести