Јокиќ дека е велемајстор за кошарка, веќе знаат сите, погледнете како „тверка“ (Видео)

Никола Јокиќ повторно одигра маестрална партија баскет за Денвер нагетс и со учинок од 26 поени, 22 скока и 8 асистенции го предводеше тимот до победа од 103:100 против Лос Анџелес клиперс.

Овојпат Јокиќ избегна незгодна ситуација со дел од кошаркарскиот клан Морис бидејќи Маркус Морис беше мирен и не предизвика инцидент со српскиот центар по недоразбирањата од претходно.

Јокиќ имаше опасна кавга со Маркиф Морис, братот на Маркус, кој игра за Мајами хит, а по физичкиот дуел и туркањето од зад грб, имаше и закани за Србинот, но тоа очигледно веќе е минато.

Затоа пак на самиот старт од мечот Јокиќ имаше поинакви проблеми и успеа да ги насмее сите на трибините, вклучувајќи го и судијата Бил Кенеди, кој не ја потфрли топката навреме, па изгледаше како Јокиќ да „тверка“.

Во ноќта со вкупно 8 натпревари, две екипи постигнаа огромен број поени, по 144, што е реткост и одличен ефект.

Кливленд кавалирс го победи Торонто репторс со 144:99, а Сан Антонио спарс славеше против Детроит пистонс со 144:109.

Останати резултати: Мајами – Орландо 93:83, Сакраменто – Мемфис 102:127, Вашингтон – Филаделфија 96:117, Оклахома – Њу Орлеанс 117:112, Чикаго – Индијана 113:105.

- Оглас -

Најнови вести