Никола Јокиќ уште еднаш покажа дека е скромен човек и брилијантен кошаркар при официјалниот потпис на рекордниот договор вреден 270 милиони долари со Денвер нагетс.
Популарниот Џокер дојде облечен во обична црна маица, а си заминува со потпис на најскапиот договор во историјата на НБА лигата.
Неговиот менаџер Мишко Ражнатовиќ објави фотографии од потпишувањето на договорот на Јокиќ, кој е рекорден во најсилната кошаркарска лига на светот.
Договорот е петгодишен, важи од сезоната 2023/24 се до 2027/28, а парите се исплаќаат сукцесивно и расте сумата од година во година.
Во последната сезона Јокиќ, кој е МВП на лигата во регуларниот дел од сезоната може сам да одлучи дали ќе остане во Денвер нагетс со загарантирана годишна плата од 63 милиони долари.