Никола Јокиќ во дуелот против Сакраменто оствари дабл-дабл ефект, но и тоа беше доволно неговиот Денвер да запише победа со 130-124.
Јокиќ натпреварот го заврши со 34 поени, неговиот најдобар поентерски ефект оваа сезона, на кои додаде и 14 асистенции, додека забележа за него скромни седум скока.
Арон Гордон постигна 20, а Џамал Мареј 15 поени, додека на другата страна Расел Вестбрук беше најдобар со 26 поени, 12 скокови и шест асистенции.
Кошаркарите на Јута џез го совладаа Бостон селтикс на гостински терен, а победничките поени ги постигна Јусуф Нуркиќ.
Нуркиќ беше стартер во составот на Јута и за 31 минута на терен постигна 11 поени, 11 скока и четири асистенции, но клучниот потег го направи 0,6 секунди пред крајот на натпреварот, кога по промашувањето на Кејонт Џорџ, скокна во напад и поентираше за конечни 103-105.
Токму Џорџ беше најефикасен во редовите на Јута со 31 поен, а одличен настап имаше и Лаури Марканен со 20 поени и девет скока.
Од другите резултати, вреди да се издвојат победата на Милвоки над Индијана на гостински терен со резултат 115-117 благодарение на 33-те поени на Јанис Адетокумбо, како и триумфот на ЛА лејкерс без Лука Дончиќ на гостувањето кај Портланд (115-123) со блескава игра на Деандре Ејтон, кој постигна 29 поени и 10 скока.
Хјустон, пак, славеше над Далас со одлична партија на Алперен Шенѓун (26 поени, 11 скока, 6 асистенции).

                                    